„Пофалба на Демир Хисар“ низ објективот на девет чешки фотографи

„Пофалба на Демир Хисар“ низ објективот на девет чешки фотографи

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Девет професори и студенти од реномираната школа за фотографии од Либерец, Чешка Република, гостуваат на уметничкото гумно во село Слоештица во рамките на одбележување на јубилејот – 15 години постоење.

Во изминативе седум дена тие посетија села на Демир Хисар за да ја овековечат магијата на пределот и духот на локалното население, а инспирирани од песната на Петре М. Андреевски „Можев да ти бидам“ – Пофалба на Демир Хисар.

Фотографите Томаш Бонхард, Јана Козакова, Роман Мацек, Ева Морицка, Алена Новакова, Шимон Пикоус, Габриела Рехакова и Франтишек Русек се предводени од нивната менторка Јана Хунтерова, која престојуваше во Слоештица и во септември 2013 како официјален фотограф на работилницата што се одржа по повод 10 години од постоењето на „Арт поинт – Гумно“.

Дел од фотографиите ќе бидат изложени во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар од денеска до 7 септември во рамките на манифестацијата „Демир Хисар – град на културата, 2018“. дма/са/07:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ