Концерт на пијанистките Грговска и Мијоре во Центарот за култура во Куманово

Концерт на пијанистките Грговска и Мијоре во Центарот за култура во Куманово

Куманово , 30 август 2018 (МИА) - Пијанистките Анастасија Грговска од Македонија и Бриџида Мијоре од Италија ќе одржат концерт во Куманово, информираа денеска од кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Концертот ќе вечерва почне во 20 часот во малата сала на кумановскиот Центар за култура.

Двете пијанистки, иако млади поседуваат  големо концертно искуство и високо техничко ниво на изведба,  а публиката ќе има ретка можност да слушне композиции напишани за две пијана.

„Ги покануваме љубителите на класичната музика да го проследат настапот на двете пијанистки, изјави, Роберт Цветковски од Центарот за култура.

На програмата се дела од Дебиси, Холст, Тансамн, Лутославски и други. ам/сд/11:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ