• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Објавен романот „Шумата на обесените“ од романскиот писател Ливиу Ребреану

Објавен романот „Шумата на обесените“ од романскиот писател Ливиу Ребреану

Скопје, 31 август (МИА) - Романот „Шумата на обесените“ од романскиот писател Ливиу Ребреану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова, го објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“.

Станува збор за класичен психолошки роман за Првата светска војна, во кој авторот го изнесува својот гнев од личните искуства со австроунгарската војска и судбината на неговиот брат Емил Ребреану, офицер во австроунгарската војска, кој бил осуден за шпионажа и дезертерство, а во 1917 година бил обесен. 

Во романот Ребреану ги прикажува страдањата и тежината на животот за време на Првата светска војна преку ликот на Апостол Болога. Според романот, во 1965 година, е снимен игран филм.

Ливиу Ребреану (1885-1944) е романски писател, новинар и академик. Првата негова книга „Маки“ е објавена во 1912 година. За време на Првата светска војна продолжил да објавува новели, а во 1920 година го објавил романот „Јон“, кој се смета за прв модерен романски роман, за кој ја добил престижната награда на Романската академија. Во 1939 година станал член на Академијата. Од 1928 година до 1930 година раководел со Националниот театар во Букурешт, а од 1940 година до 1944 година бил претседател на Сојузот на романските писатели.

Има напишано голем број новели, драми, социјални романи, психолошки романи кои претставуваат пресврт во романската литература и националната култура. рп/сд/10:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...