Јубилејна 30. изложба на Роберт Цветковски во „Galerry MC" во Њујорк

Јубилејна 30. изложба на Роберт Цветковски во „Galerry MC" во Њујорк

Крива Паланка, 1 септември 2018 (МИА) - Јубилејната 30-та самостојна изложба на реномираниот академски сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски, е закажана за 10 јануари 2019 година во "Galerry MC", Њујорк, Соединетите Американски држави.
 
Како најава на изложбата Цветковски го посети градоначалникот Борјанчо Мицевски и му подари едно уметничко дело кое од денес ќе го краси неговиот кабинет.
 
- Горд сум што токму во нашиот град живее и твори ваков амбасадор на културата, реномиран сликар и виртуоз на сликарството, чиишто дела ги красат уметничките збирки на сите континенти. Културните амбасадори, кои се најдобрите промотори на општината и државата, секогаш ќе бидат препознаени и поддржани од страна на општина Крива Паланка, рече Мицевски.
 
Во досегашниот работниот опус на Цветковски создал околу 900 дела во различни сликарски техники и над 1000 цртежи, а негови дела се изложени во бројни светски збирки во институции и приватни колекции  во: САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Германија, Хрватска, Црна Гора,БиХ, Турција,Србија, Бугарија,Македонија и во постојаната колекција на Центар за современа уметност-Подгорица,Црна Гора.
 
Триесеттата самостојна изложба на Цветковски, амбасадор на културата од Крива Паланка и Македонија, ќе биде поставена од 10 до 25 јануари 2019 година во една од најпознатите светски галерии, "Galerry MC", Њујорк, која поддржува популарни и докажани уметници, иноватори, архитекти и креатори на уметнички перформанси. ид/дма/11:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ