• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Импресивна втора вечер на „Џез фестивалот“ во Прилеп

Импресивна втора вечер на „Џез фестивалот“ во Прилеп

Прилеп, 1 септември 2018 (МИА) - Втората вечер, синоќа, на годинашниов седми по ред „Џез Фестивал“ во Прилеп понуди уште една ноќ за паметење за љубителите на џез музиката. На сцените во Домот на културата „Марко Цепенков“ публиката ги проследи настапите на бендот на Васил Хаџиманов, на грчкиот „Палете Ансамбл“ предводен од саксофонистот Сократис Вотскос, како и на Јордан Костов и интернационалниот состав „Шангај Интенс“.  Познатиот џезер Јордан Костов, истакна дека прекрасно се чувствува на џез-сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“, на која настапува прв пат.

- Публиката има можност да ужива во различниот репертоар на бендови кои ќе го дадат својот максимум. Станува збор за интернационален фестивал и секој еден од нас си носи свои орнаменти од каде доаѓа. Порачувам да уживаат во „Џез фестивалот“ во Прилеп, рече Костов.

Публиката не ги криеше импресиите од двете фестивалски вечери. Некои за прв пат доаѓаат на фестивалот со уверување дека ќе бидат редовни посетители.

Денеска, на третиот и последен фестивалски ден ќе настапат познати џез имиња: Јаков Дренковски, францускиот бенд „Ле Бал Пури“ и српскиот бенд „Деца Лоших Музичара.

„Џез викендот“, кој е во организација на општина Прилеп и кој станува препознатлив бренд го презентира интернационалното џез - музичко творештво пред прилепската публика, со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности. ем/сст/14:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...