• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Со љубов“ на Цветковски победник на Филмскиот фестивал во Нанси

„Со љубов“ на Цветковски победник на Филмскиот фестивал во Нанси

Нанси, 2 септември 2018 (МИА) - Документарниот филм „Со љубов“ на Илија Цветковски е подедник во натпреварувачката селекција на Европскиот документарен филм, во рамки на 24. Меѓународен филмски фестивал во Нанси.

Фесривалот завршува вечер со прекцијата на најновото остварување на Владимир Блажевски „Годината на мајмунот“. Ова е и француската премиера на филмот на Блажевски, кој не и е непознат на публиката во Нанси, бидејќи тука веќе беше прикажан „Панкот не е мртов“.

Жирито на меѓународниот филмски фестивал од Нанси, составено од француските режисери Мануел Санчез, Вансан Фроели и Селин Пјер, едногласно го избраа „Со Љубов“. Станува збор за документарен филм посветен на пензионираниот професор по биологија Дионис Пашлаков од Неготино и неговата страст за олдтајмери.

„Со Љубов“ е едноставна приказна за поранешен професор што има над сто стари автомобили од кои повеќето не работат, но секоја вечер тој спие во нивна близина, сонувајќи дека еден ден неговата невообичаена колекција ќе прерасне во голем музеј. Правејќи торти за неготинските прослави, неговата жена Гоца ја поддржува страста на Дионис, плаќајќи му речиси за секоја негова нова стара кола.  

нанси фестивал

Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, чиј претседател и главен селекционер од 2013 година е Тони Гламчевски, повеќе познат на македонската јавност како дописник од Франција за повеќе македонски медиуми, годинава прави посебен осврт на новите текови во балканската кинематографија.

Во рамките на фокусот беа претставени филмови од Македонија, Грција, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Фестивалот во престижната селекција го прикажа и филмот на Ѓорче Ставревски „Исцелител“. Наградата ја доделува публиката, а резултатите од гласањето ќе бидат познати утре.

Во делот - кинематографија од Балканот, беа прикажани уште седум македонски краткометражни филмови. Изборот беше направен во потесна соработка и на предлог на Агенцијата за филм на Република Македонија.

На фестивалот е поставена и изложбата на „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ од Роберт Јанкулоски. Изложбата чиј дел, по Нанси, ќе биде пренесен во Париз, а потоа и во Епинал во рамките на 50-годишнината од одбележувањето на збратимувањето на градот Битола со Епинал, еднаш веќе беше презенирана во Меморијалниот музеј во Каен, Нормандија. Содржи 101 фотографија од браќата Манаки репродуцирани со дигитализирање и обработка на стаклените плочи кои се чуваат во Подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола.

Меѓународниот филмски фестивал од Нанси е од општ карактер и на него последниве десетина години се прикажуваат филмски остварувања на македонски автори. За годинашното издание конкурираа 3.000 краткометражни и околу 500 долгометражни филмови. Од нив беа селекционирани 150 и за девет дена ќе има над сто проекции, концерти и траклезни маси. тг/мч/12:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ