• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Битола промоција на документарецот „Уметникот од фронтот – Валентин“

Во Битола промоција на документарецот „Уметникот од фронтот – Валентин“

Битола, 3 септември 2018 (МИА) - Македонско научно друштво-Битола вечер ќе го промовира документарниот филм „Уметникот од фронтот – Валентин“, посветен на францускиот војник Етјен Андре Валентин, учесник на Македонскиот фронт во Првата светска војна.

Промотивниот настан е во рамки на програмските активности посветени на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна во која Валентин како уметник, за време на престојот во Мариово и Битола, често цртал и на хартија пренел разни мотиви од ова поднебје, цркви, градски улици и дуќани, како и народна носија од селата Брод и Мегленци. Цртежите на Валентин денес се сочувани и се дел од семејното наследство на неговата внука Нели и нејзиниот сопруг Жерар Гијар кои живеат во Нормандија, Франција.

Сценариото за документарниот филм „Уметникот од фронтот – Валентин“ го подготви Силвана Петрова Насух, режисер е Миле Гроздановски, а филмот го изработи „Креатив продукција“ од Битола.

Докумантарниот филм во издание на МНД-Битола е изработен во рамки на програмата за соработка помеѓу Регионот Нормандија – Република Франција и Република Македонија, и со поддршка на АЛДА-Скопје.мт/скс/08:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ