• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Почина режисерот Тихомир Бачовски

Почина режисерот Тихомир Бачовски

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - На 68-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина режисерот Тихомир Башовски.

Првите контакти на Бачовски со филмот датираат од 1966 година. Како познат кино-аматер веќе во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освојува повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнува професионално да се занимава со режија во МРТ, чиј творечки опус трае повеќе од три децении.

Погребот на Тихомира Бачовски е утре на гробиштата во Бутел. Во МРТ, пак, утре во 10 часот ќе биде одржана комеморативна седница.бак/са/13:48

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ