• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во Битола отворено Меѓународното графичко триенале

Во Битола отворено Меѓународното графичко триенале

Битола, 3 септември 2018 (МИА) - Графичкото триенале во Битола не е манифестација нити проект, затоа што овие два збора во последно време се многу искомпромитирани, графичкото триенале во Битола е нов концепт во светски размери, истакна Владо Ѓоревски, раководител на Графичкото триенале кое од денеска е отворено во Битола.

Годинава на Графичкото триенале учествуваат автори од 167 држави со што се смета за еден од најголемите вакви настани во светот кој се занимава со откривање на анонимни, непознати автори на исклучителни дела, посочи Ѓоревски.

- Графичкото триенале во Битола е надвор од финансиските, надвор од материјалистичките и естрадно амбициозните претензии. На ова издание имаме учесници од неколку држави кои во моментов крварат како што на пример е Сирија од каде добивме дела на 10 автори и тоа многу потресни дела, а кои се многу важни за човечкото творештво. Најновото деветто издание го поставивме на нови основи бидејќи има значителни промени во амбиентот кој владееше пред 30 години и денес, за жал ова е време кога се се заборава, време на потполна рамнодушност, време кога духовното е тотално девалвирано и е нападнато од една бескрупулозна корумпирана материјалистичка состојба и која е голем непријател на творештвото, истакна Ѓоревски.

Меѓународното графичко триенале кое се одржува под покровителство на Министерството за култура го отвори директорката на НУ Завод и Музеј-Битола, д-р Мери Стојанова која нагласи дека културниот настан е со светски предзнак и со изградено реноме и статус во рамки на светската графика.мт/са/14:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...