• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Десет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо“

Десет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо“

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Стихозбирките „Премин“ на Димитар Арнаудов, „Семки“ на Ристо Маџунков, „Еквилибриум“ на Слаѓана Брезоска, „Камен за подзглавје“ на шифра Синец, „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слава“ на Славе Ѓ. Димоски, „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска, „Ангелот на авторот“ на шифра Мартолозот, „Светлина во верата. Вера во светлината“ на Милена Ристова Михајловска и „Двопој“ на Гордица Величковска се во конкуренција за наградата „Антево перо“.

Ова го одлучи жири комисијата за доделување на наградата во состав Венко Андоновски, претстедател, Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски, членови. Комисијата констатирала дека на конкурсот се пристигнати 65 авторски ракописи. 

- Комисијата е воодушевена од одзивот за овој конкурс посветен на нашиот поетски великан Анте Поповски. На својот прв состанок Комисијата констатираше дека над 80 отсто од ракописите покажуваат висока поетска стилистика и рафиниран поестки вкус. Жири комисијата со задоволство констатира дека конкурсот не само што понуди респектабилни поетски остварувања, туку на некој начин поради бројноста на пријавените ракописи се доби и моменталната „крвна слика на македонската современа поезија“ со што се покажа дека таа поезија е една од водечките во регионот, посочуваат од Комисијата. рп/са/14:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ