• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Општина Битола го објави конкурсот за наградата „4 Ноември“

Општина Битола го објави конкурсот за наградата „4 Ноември“

Битола, 6 септември 2018 (МИА) - Општина Битола го објави конкурсот за доделување на највисоките општински признанија за годишни остварувања на правни и физички лица, како и за престижната награда за животно дело.

На конкурсот кој ќе биде отворен до 4 октомври може да се пријавуваат или да бидат предложени правни лица, здруженија на граѓани, група на граѓани и поединци кои во текот на изминатата година постигнале значаен резултат и од важност за заедницата во сферата на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствена и социјална заштита, како и други сегменти од животот кои посебно придонеле за развојот на општината.

Наградата за животно дело се доделува на поединец, и таа претставува одлика на заокружена континуирана творечка целина, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Според востановената традиција, доделувањето на годишните награди и признанија се врши на свечена академија што ја организира општина Битолана 4 ноември, денот на ослободувањето на градот. мт/сст/10:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...