Ревија на народни носии од Скопскиот регион во Музеј на Македонија

Ревија на народни носии од Скопскиот регион во Музеј на Македонија

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Етно културна манифестација „Ревија на народни носии од Скопскиот регион" се одржа денеска во Музејот на Македонија, како дел од одбележувањето на 8 септември, Денот на независнота на Република Македонија.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на отворањето на изложбата на ракотворби истакна дека ова е третпат Град Скопје да ја поддржи оваа манифестација.

- Град Скопје поддржува програми, манифестации, трибини, кои имаат за цел да го поттикнат развојот на старите занаети, меѓу кои е и домашното ракотворење, токму преку промовирањето на нашето богато културно наследство и на традицијата, односно на нашиот фолклор, рече Јанчева.

Директорот на Музеј на Македонија, Гордан Николов истакна дека итно е потребно да се заштитите умеењето на  изработката во традиционалните занаети за сите предмети кои имаат етнографска културна вредност.  

- Умеењета на изработка,  што претставува нематријално културно богатсто, како традиционалниот вез на пример, не е заштитено и мора итно да се донесат соодветни закони за заштита на нематријалното културно наследство. Музејот на Македонија може да поддржи формирање на центар за негување, зашитита, истражување и промоција на нематеријалното  кулурното наследство, со цел да се заштити умеењето на изработка, а не само предметите. Досега не е доволно направено на овој план и ние, како Музеј на овој начин, прекусоработка со невладиниот сектор и Град Скопје придонесуваме за заштитата на овие културни вредности, рече Николов.

На крајот пред присутните се обрати и Гордана Митровска, претседателка на ЗУР „Арти Крафт“, која го истакна значењето на овој вид манифестации.  

Присутните учесници и гости на манифестацијата имаа можноста да ја видат ревијата на 15 културно уметнички друштва од различно етничко потекло, облечени во носии од Скопскиот регион, да ги видат раскошните ракотворби, да вкусат од традиционалните специјалитети и да уживаат во настапот на Виолета Томовска, доајенката на македонската народна музика и богатата програма на манифестацијата на која учествуваа повеќе од 15 културно уметнички друштва.

Ревијата е во организација на Музејот на Македонија во соработка со Здружението на уметници ракотворци „Арти Крафт“ и Град Скопје. аа/19:09

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...