Во Кавадарци промовирана фотомонографијата „Ризница на ликовни дела“

Во Кавадарци промовирана фотомонографијата „Ризница на ликовни дела“

Кавадарци, 8 септември 2018 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ во Музеј галеријата на град Кавадарци беше промовирана фотомонографијата „Ризница на ликовни дела“ од авторите Весна Ѓорѓиева и Трајче Цветков.

Присутните можеа да погледнат и ликовни дела од повеќе автори, кои се дел од архивата на кавадаречкиот музеј. 

Директорката на Музеј галеријата Весна Ѓорѓиева информираше дека станува збор за уметнички дела од повеќе еминентни и етаблирани автори.

- Дела изработени во разни ликовни техники, од плејада на реномирани врвни ликовни креатори на современата македонска ликовна сцена, звучни и докажани автори како Петар Мазев, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ана Темкова и други, рече Ѓорѓиева. 

Таа нагласи дека фотомонографијата е прва од ваков вид и во неа се сублимирани сите дела депонирани од формирањето на Музејот во 1976 година, до денес. Застапени се 77 автори со 154 дела. 

Промоторот Зорица Вчкова, советник за образование во општина Кавадарци, меѓу другото нагласи дека ова дело го овековечува ликовното минато, од 1943 година до денес.

- Најголем дел од најистакнатите ликовни дејци потекнуваат од Кавадарци, додаде Вчкова.

Фотомонографијата и изложбата се дел од проект финансиран од Министерството за култура, а со поддршка од кавадаречкиот градоначалник и Советот на општина Кавадарци.

Пред присутните се обрати и Трајче Цветков, кој исто така изрази задоволство од реализацијата на проектот. свд/мд/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...