„Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

„Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Во паркот во општина Ѓорче Петров вечер почнува манифестацијата „Звуците на културата“, што ќе трае до 23-ти овој месец и на која ќе настапат познати македонски музички бендови и изведувачи.

На манифестацијата, што се одржува првпат годинава, ќе има и базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалаци од локални производители. 

На „Звуците на културата“ ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, ПМГ Колектив, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, Милко, Летечки Пекинезери,... вј/са/09:58

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ