• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Златна роза“ за најдобра режија за филмот „Мејкинг оф“

„Златна роза“ за најдобра режија за филмот „Мејкинг оф“

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Специјална награда за најдобра режија „Златна роза“ освои македонскиот филм „Мејкинг оф“ на режисерот Кузман Кузмановски на шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ што се одржа во Софија.

Филмот беше прикажан на 8 септември, во рамките на фестивалот, којшто траеше од 7 до 10 овој месец.

- Оваа награда доаѓа само по неколку дена од премиерата на филмот. Тоа е потврда на правилото дека кога нешто се работи од срце, тоа ќе биде забележано и вреднувано. Ѝ се заблагодарувам на целата екипа, која се вложи максимално професионално во овој филм, вели режисерот Кузмановски.

кузман кузмановскиСтанува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе, кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие - да снимаат филм.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пирунка Киселички и Мартин Минговски.

Во моментот, филмот е на репертоарот на киното „Синеплекс“ во Скопје. бак/скс/13:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...