• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

„Мојата македонска приказна“ - книга на Љубчо Георгиевски

„Мојата македонска приказна“ - книга на Љубчо Георгиевски

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - „Мојата македонска приказна - каде одиш, Македонијо?“ е насловена новата книга на Љубчо Георгиевски, основач на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Книгата ја објави издавачката куќа „Ѓурѓа“ во едицијата „Мацедонише цуштенде“.

- На околу 400 страници ја изнесува својата лична и политичка исповед, од денот кога првпат се впушта во политичките води до денешни дни. Читателот ќе се сретне со низа факти и настани кои авторот првпат јавно ги изнесува, потврдувајќи ја својата посветеност на македонското дело. Покрај другото, тема во книгата на најмладиот македонски премиер, се најкритичните мигови на современата македонска историја од осамостојувањето до денес, но и премрежијата низ кои мина партијата што ја основа и во чиј развиток се вложи себеси, соопшти „Ѓурѓа“.

Наведува и дека делото е своевиден животен и политички тестамент на авторот, исплетен од неверојатна искреност на еден политичар. 

„...Земајќи ја предвид мојата метаморфоза, сигурен сум дека ако не бев ангажиран во политиката ќе бев познат македонски писател. Можеби, тоа ќе беше подобро и за мене лично и за Македонија, истакнува Георгиевски во својата книга во која се содржани имињата на стотина личности од историјата на Македонија, но и на наши современици – негови соработници, политички противници и личности кои имале влијание на неговиот личен и политички живот.

Љубчо Георгиевски, корица

Љубчо Георгиевски (Штип, 1966) до завршувањето на средното образование живеел во Делчево од каде и потекнува. По завршувањето на гимназијата образованието го продолжил на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата по општа и компаративна книжевност.

Георгиевски е политичар од десната провениенција. Основач е на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин прв претседател до мај 2003 година, а потоа нејзин почесен претседател. Денес е претседател на ВМРО Народна партијата основана во 2012 година.

Бил политички ангажиран како потпретседател на претседателот на Република Македонија во 1991 година и пратеник во Собранието на Република Македонија од 1992 до 1994 година, потоа од 2002 до 2008 година и претседател на Владата од 1998 до 2002 година. хс/са/09:31

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...