Поети од Македонија и Бугарија заедно читаа поезија

Поети од Македонија и Бугарија заедно читаа поезија

Струмица, 12 септември 2018 (МИА) - Десетина поети од Струмица и Благоевград, Бугарија денеска во рамките на настанот „Поетски дијалози“ читаа своја поезија.

Пред публиката се претставија поетите Никола Маџиров, Киро Донев, Сузана Мицева, Ѓорги Калајџиев, Ице Беличев, Никола Сарајлија, Смиља Василевска и Митко Гогов, а бугарските поети ги претставуваа Борислав Владиков, Катерина Кирјанова, Снежана Стојнева и Златко Павлов.

Според Васил Новоселски, претседател на Читалиштето од Благоевград, ваквите поетски средби треба да бидат почести и поблиски.

- Се надевам дека нашата соработка во наредните години ќе стане таква што секој ден да остваруваме контакти, да се доближуваме едни до други и да се почитуваме. Се радувам што меѓу нашите поети и писатели од Благоевград и Струмица се раѓа една исклучителна дружба, истакна Васил Новоселски, претседател на Читалиштето од Благоевград.

Од името на домаќините, гостите ги поздрави писателот Ацо Гогов, кој рече дека во нашата меморија се потсетуваме на стиховите на големите поети Христо Ботев, Иван Вазов, Пејо Јаваров и на сите големи имиња на бугарската литература и поезија.

„Поетските дијалози“ меѓу поети од Македонија и Бугарија се одржаа во рамките на оф програмата на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, чие 26 издание завршува вечерва.рт/скс/14:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ