• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Во Прилеп вечерва изведба на комедијата „Од две мајки браќа“

Во Прилеп вечерва изведба на комедијата „Од две мајки браќа“

Прилеп, 12 октомври 2018 (МИА) - Во киното „Мис Стон“ во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 20 часот ќе биде изведена комедијата „Од две мајки браќа“.

Како што информираат од Центарот за култура „Марко Цепенков“, комедијата „Од две мајки браќа“ што го поставува прашањето што правел во меѓувреме таткото е комично кабаре составено од динамичното дуо Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Станува збор за 75-минутна жестока комедија што се исмева со сите оние кои се обидуваат да забранат слободно да се говори, збогатено со авторски песни и пародија на познати песни.

Проектот е поддржан од Министерството за култура со манифестацијата „Нов културен бран“. ем/рп/14:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...