• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Сопруг до смрт ја избодел сопругата во Штип

Штип, 26 септември 2013 (МИА) - Штипјанец до смрт ја избодел со остар предмет неговата сопруга, по што се обидел да се самоубие. Настанот се случил денеска околу 14:15 ќасот во паркот кај Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Како што потврдуваат од Клиничката болница во Штип, жената е донесена почината, а сопругот со повреди е задржан на лекување. 

Според првичните информации, сопругот и сопругата, кои веќе околу 4 месеци биле разведени, разговарале по што на едно од најфреквентните места во Штип, се случил трагичниот настан.

На местото на трагедијата се истражен судија и Основен јавен обвинител. вдј/цр/15:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.