• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Заменик-гувернерот на Измир приведен под сомнеж за поврзаност со Ѓулен

Заменик-гувернерот на Измир приведен под сомнеж за поврзаност со Ѓулен

Анкара, 20 септември 2016 (МИА) - Заменикот на гувернерот на Измир, Мехмет Суат Илхан е уапсен врз основа на потерницата издадена во рамките на истрагата околу „Терористичка организација на Фетулах Ѓулен“ (ФЕТО), јави денеска електронското издание на турскиот весник „Џумхуриет".

Илхан, кој претходно беше отстранет од својата функција, е приведен од полицијата пред Судската палата во Измир, а потоа предаден на екипи задолжени за борба против тероризмот. 

Другиот заменик-гувернер на Измир, Уфук Сечилмиш, како и околискиот управител на Мендерес, Ахмет Уфук Хасчакал, се исто така приведени, но по распитот се пуштени на слобода.

Според турските власти, т.н. ФЕТО на проповедникот Фетхулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД од 1999, стои зад обидот за преврат од 15 јули. си/сп/12:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.