Над илјада лица уапсени во Турција поради наводни врски со ИД

Над илјада лица уапсени во Турција поради наводни врски со ИД

Анкара, 28 декември 2016 (МИА) - Турските сили за безбедност во текот на 2016 година уапсиле над илјада лица под сомнение дека имале врски со Исламска држава, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. 

Во текот на годинава биле приведени 3.359 лица, а 1.313 од нив се се сеуште во притвор.

Од овие осомничени џихадисти дури  679 се стански платеници.

Во периодот од 2011 до 2016 година во земјата биле задржани вкупно 7.015 наводни џихадисти, меѓу кои 2.712 странци, стои во соопштението на турското Министерство за внатершни работи. 

Меѓу приведените странци има Сиријци, Руси, Ирачани, Кинези, како и државјани на Азарбеџан, Мароко, Египет, Узбекистан и Тунис. 

Забраната за влез во Турција била наложена на околу 52 илјади лица од 145 земји. см/ сд/14:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...