• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Уапсен осомничениот за планирање напад во клубот „Реина“ во Истанбул

Уапсен осомничениот за планирање напад во клубот „Реина“ во Истанбул

Истанбул, 14 февруари 2017 (МИА) - Турската полиција го уапси лицето А.С. за кое постои сомневање дека планирало напад на новогодишната ноќ во клубот „Реина“, кога терористот Абдулгадир Машарипов уби 39 лица и рани 69.

Уапсениот, чиј идентитет е означен со иницијалите А.С., е уапсен во операција на полицијата во Истанбул. Тој бил регистриран како жител на Анталија, но имал и француско државјанство, пишува весникот „Стар“, кој се повикува на соопштение на полицијата во градот Бурдур. 

Истрагата ги разоткрила неговите траги од договорот за наем на апартман во квартот Есенјорт, каде на 17 јануари беше уапсен Машарипов.

А.С. живеел во Франција од 2009 година. На 10 јануари обвинителството во градот Бурдур почнала истрага против него и врз основа на собраните податоци за врските со Машарипов тој бил уапсен од полицијата во Истанбул. ац/ссм/11:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...