Во Истанбул посаден „килим“ од лалиња
- петок, 21 април 2017 10:44
Истанбул, 21 април 2017 (МИА) - Огромен „килим“ од 564 илјади лалиња е „исткаан“ во историскиот центар на Истанбул, во реонот меѓу „Света Софија“ и џамијата „Султан Ахмет“.
Според весникок „Сабах“, „килимот“, кој има традиционални мотиви е во црвено-жолто-беа комбинација и се простира на површина од точно 1.453 метри квадратни.
Оваа бројка е намерно избрана, бидејќи во 1453 година Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Инстанбул.
„Сабах“ нагласува дека ова е до сега најголемиот „килим од лалиња“ во светот.
Лалињата искористени за „килимот“ потекнуваат од источна Турција и од степите во Централна Азија, каде овој цвет првично бил култивиран од Турците Османлии и подоцна пренесени во Истанбул. ви/сп/10:43
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 13:53 | Евакуиран францускиот остров Мон Сен Мишел
Островот во Ламанш, Мон Сен Мишел, денеска е евакуиран поради закана кон полицијата од страна на неп...
- 13:38 | Ердоган со предупредување кон Австрија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја предупреди Австрија, откако во петокот австрискиот канце...
- 13:32 | Мултановски: Можноста за решавање на прашањето за името е важна, ЕУ и НАТО треба тоа да го искористат
Сметаме дека има место за земјите од Западен Балкан во ЕУ и тој процес не треба да биде запрен, зато...
- 12:55 | Србија: Одлуката на Хрватска претставува кршење на човековите права
Забраната за влез во Хрватска за српскиот министер за одбрана Александар Вулин претставува кршење на...
- 12:43 | МВР Билтен
Вчера во 15,00 часот на локалниот пат село Грешница - Кичево, Р.Н. (77) од село Грешница, управувајќ...