• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

ЕСО најави „револуционерно откритие“ поврзано со Вселената

ЕСО најави „револуционерно откритие“ поврзано со Вселената

Минхен, 13 октомври 2017 (МИА) Европската јужна опсерваторија (ЕСО), чие седиште е во германскиот град Минхен, в понеделник ќе објави „револуционерно откритие кое се однесува на астрономски феномен што никогаш претходно не бил забележан".

Откритието, што се чува како тајна се до конференцијата за новинари закажана за 16 октомври, се однесува на гравитациските бранови. На неа ќе говорат научници од „Вирго Колаборејшн“, кои работеа на т.н. ЛИГО експеримент, заедно со 70 опсерватории од целиот свет.

Официјалното претставување на откритието ќе се случи во САД, Велика Британија и Германија, со почеток во 16 часот по средноевопско време.

Гравитациските бранови кои предизвикуваат катаклизмични случувања во Вселената, се еден вид бразди кои се испреплетуваат со просторот и времето. Науката во февруари минатата година го потврди нивното постоење, а тоа сознание им донесе на физичарите Нобелова награда.

Од тогаш тие се детектирани трипати, а последниот пат- преку ЛИГО и Вирго инструментите.  си/сп/10:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...