• A-
  • A
  • A+
недела, 27 мај 2018, 

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Франкфурт, 20 ноември 2017 (МИА) - Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германскиот аналитчки центар Цукунфтшфоршунг, смета дека роботите не се, ниту пак некогаш ќе бидат проблем за општеството.

- Проблемот е нашиот страв, комплексот на пониска вредност, и тоа што на роботите им даваме човечки лица и натчовечки својства. Најавите за период на хипермедиумско општество не ја отсликуваат иднината, туку пред се нашите стравови и нашата внатрешна несигурност, нагласува Хоркс.

- Се појавуваат нови пазари, нови услуги, побарувачка, понуди и нови дополнителни вредности, вели натаму тој, потсетувајќи дека во најавтоматизираните земји, како што се Канада, Јапонија или Германија, невработеноста е најмала.

Со сите оние самоуправувачки автомобили, виртуелни асистенти, вештачката интелигенција, неминовен е впечатокот дека живееме во научно-фантастичен филм.

- Вештачката интелигенција, уверен сум, ќе им помага на луѓето во обавувањето секојдневни работи. Во наредните 10-15 години ќе имаме речиси целосно автоматизирани возила. А, кога ќе станат вообичаена појава, ќе се прашуваме - зошто сме чекале толку долго, предвидува Хоркс. си/сп/13:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.