• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Њујорк, 20 ноември 2017 (МИА) - Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплатена жена во светот на музиката.

Според публикацијата, пејачката заработила 105 милиони долари за една година, од јуни 2016 до јуни оваа година. Заработката на Бијонсе се зголеми благодарение на нејзината минатогодишна светска турнеја, која, според Форбс, и донела заработувачка од 250 милиони долари.

Втора на листата е Адел, која, исто така, имаше успешна година со турнеја која значително придонесе за нејзините приходи од 69 милиони долари.

Меѓу првите пет се и Тејлор Свифт, Селин Дион и Џенифер Лопез. ссм/21:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ