• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Oбјавена прва снимка од новото продолжение на „Паркот Јура” (видео)

Oбјавена прва снимка од новото продолжение на „Паркот Јура” (видео)

Лос Анџеллес, 23 ноември 2017 (МИА) - Сценаристот на „Паркот Јура: Пропаднато кралство“, Колин Тревороу на Твитер објави куса снимка од новото продолжение на филмот „Паркот Јура“, чија премиера е закажана за 22 јуни 2018 година.

Тоа е прва објавена снимка од филмот, на која глумецот Крис Прат игра со мало диносаурусче.

- Очигледно, кога немате вистински диносауруси, ангажирате луѓе да ги глумат. Но, ги обожуваме механичките кукли. Му даваат душа и реалност на сето тоа. Се обидуваме да најдеме рамнотежа меѓу механичките кукли и компјутерските анимации, нагласи сценаристот во коментар.

Претходното, четврто продолжение на филмот „Паркот Јура“ најмногу беше критикуван поради „прекумерните компјутерски анимации“. си/сп/10:21


###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ