• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Ума Турман со оригинална „честитка“ до Вајнстин

Ума Турман со оригинална „честитка“ до Вајнстин

Лос Анџелес, 24 ноември 2017 (МИА) - И актерката Ума Турман се придружи на кампањата „#MeToo“, застанувајќи рамо до рамо со своите колешки кои го обвинуваат продуцентот Харви Ваинстин за сексуално вознемирување и злоставување.

Сепак, таа тоа го направи на еден оригинален, но и доста вознемирувачки (барем за Ваинстин) начин: Со изјава на Инстаграм, во стилот на филмот „Убиј го Бил“, каде што „сексуалниот напасник“ беше продуцент, а Турман - главна актерка. Сето тоа проследено со кадар од филмот, каде што таа има „убиствен поглед“.

ума турман кил бил

- Среќен Ден на благодарноста! Денес сум благодарна поради тоа што сум жива, на оние кои ги сакам, и за оние што имаа храброст да проговорат. Реков претходно дека сум бесна, во случај тоа да не се гледа на моето лице, а имам и неколку причини за тоа. Среќен Ден на благодарноста на сите (освен тебе, Харви Ваинстин, и сите како тебе - драго ми е што ова оди полека - ти не ни заслужуваш куршум), вели Турман во честитката за американскиот национален празник.

Турман и Ваинстин соработувале и на филмот „Евтини приказни“, пред тоа да се повтори и во хитот на Квентин Тарантино - „Убиј го Бил“, каде што главниот женски лик е жртва на група криминалци садисти, која тргнува во одмазднички поход кон сите нив.

Објавата актерката ја завршува со изразот „Продолжува“... си/ми/10:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ