• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Американка пронашла добитен тикет од 500.000 долари

Американка пронашла добитен тикет од 500.000 долари

Њујорк, 7 декември 2017 (МИА) - Роса Ибара од Тексас во ранецот на нејзиниот сопруг пронашла добитен тикет од Лотаријата на Вирџинија од 500.000 долари. 

Сопругот на Ибара бил на службен пат во Вирџинија и откако се вратил дома таа решила да го исчисти неговиот ранец, при што го нашла тикетот за кој првично мислела дека е недобитен.

Роса го однела тикетот кај нејзиниот сопруг, а тој и рекол дека во ранецот го ставил негов колега. 

Кога сепак ги провериле бројките утврдиле дека тикетот носи премија од 500.000 долари. см/сп/09:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ