• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Тананариво, 11 декември 2017 (МИА) - Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од 40 удари со камшик и парична казна, оти носеле панталони на прослави, коешто според суданските закони, се смета за „срамно".

Суданките биле уапсени минатата недела, кога полиција упаднала на прослава во затворена сала близу градот Картум, пренесува Би-Би-Си.

Според здруженијата за човекови права, полицијата секоја година, „поради непристојност“, апси и камшикува десетици илјади жени, при што се нагласува дека законите се применуваат произволно. си/зш/12:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ