• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Писториус повреден во затворска тепачка

Писториус повреден во затворска тепачка

Преторија, 12 декември 2017 (МИА) - Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреден во затворска тепачка, наводно поради телефон, објавија јужноафриканските медиуми.

- Писториус има модринки кои настанале во инцидентот со друг затвореник, и тоа во врска со телефонот, изјави портпаролот на затворот во Атриџвил, каде Писториус беше преместен во ноември 2016 година.

Писториус е осуден на 13 години затвор за убиството на неговата девојка Рива Стинкемп, кое се случи на Денот на вљубените во 2013 година. Спортистот тогаш, во своја одбрана, тврдеше дека мислел дека пука кон провалник.

Минатиот месец, Апелациски суд ја удвои првичната казна за Писториус. си/ми/14:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...