• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Анкета: Том Хенкс е најдобар актер на сите времиња

Анкета: Том Хенкс е најдобар актер на сите времиња

Лос Анџелес, 13 јануари 2018 (МИА) - Том Хенкс е најдобар актер на сите времиња, покажа анкетата на сајтот Ранкер, за кого гласале 1,1 милион луѓе.

Хенкс, кој се прослави со филмовите „Форест Гамп“, „Спасувањето на војникот Рајан“, „Филаделфија“ и други, го доби ова признание и се најде пред Бет Дејвис и Марлон Брандо, кои се на второ и трето место меѓу 10-те најдобри на сите времиња.

Следуваат Џејмс Стјуарт, Кетрин Хепберн, Роберт Де Ниро, Џек Николасон, а последните тројца на листата се Морган Фриман, Ентони Хопкинс и Дастин Хофман.

Ранкер е американска интернет страница која спроведува анкети од светот на забавата, спортот и културата. Месечно го посетуваат повеќе од 49 милиони луѓе. ссм/10:42

###


      

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...