• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Германија и Франција работат на нов супер-тенк

Германија и Франција работат на нов супер-тенк

Берлин, 14 февруари 2018 (МИА) Експерти од Германија и Франција, инаку лути земји-сопернички во артилериската индустрија, со заеднички сили работат на нов проект, а тоа е до 2030 година да создадат високотехнолошки и добро вооружен супер-тенк.

Според порталот „К-Политика“, првичните информации покажуваат дека се работи, меѓу другото, за компанијата Рајнметал и нивната програма „Main Ground Combat System 2030+“. Станува збор за хибридна верзија, спој на тенковите „Леопард 2” и A-ем-икс-56 „Леклерк”.

Во првата етапа годинава, „Леопард 2” ќе добие основен систем разработен по концептот „дигитално јадро на куполата” (digital turret core system), а и систем за „активна заштита“ (Active Defense System – ADS).

Во втората етапа, оклопното возило ќе добие и топ со поголем калибар - од 130 милиметри, кој ќе биде и 50 отсто помоќен.

Во третата фаза, програмата предвидува привршување на првиот прототип на спојување на францускиот „Леклерк” и „Леопард 2”. си/гт/10:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...