• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Bo Кина пуштено во сообраќај првото летечко такси

Bo Кина пуштено во сообраќај првото летечко такси

Пекинг, 14 февруари 2018 (МИА) - Кинеската технолошка компанија ЕХанг Инк. го претстави првиот дрон на светот, кој може да превезува луѓе. Такси дронот „ЕХанг 184“ својата промоција ја имаше во јужнокинескиот град Гвангжу, и станува збор за беспилотно летало, објави „Јуроњус“.

За да се возат во тоа такси, патниците не мора да знаат да управуваат со него. Меѓутоа, оние кои имаат искуство со пилотирање, сепак можат да летаат користејќи ги и рачните команди.

- Ниту едно од досегашните летечки возила не може да овозможи целосно самостоен лет, така што се уште се далеку од (превоз на) обични луѓе. Но, нашиот успешен лет денеска покажа дека сцените од научно-фантастичните филмови се многу блиску до обичните луѓе, изјави директорот на „ЕХанг“, Ху Хуажи.

На тест летовите биле ангажирани над 150 инженери, кои тестирале, меѓу другото, и вертикално подигнување товар од 230 килограми и забрзување до 130 километри на час.

Дронот е едносед и може да пренесе еден патник со маса до 100 килограми во лет од 23 минути, соопштија од компанијата.

- Дронот може да им помогне на луѓето да го избегнат сообраќајниот метеж, но и за други цели. Секогаш на ум ни паѓаат случаи на итно спасување и пренесување пациенти в болница. Возилото може да се користи и за туризам, истакна Дерик Ксионг, еден од основачите на „ЕХанг“. си/гт/13:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...