• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Во Војводина направен најдолгиот колбас на светот

Во Војводина направен најдолгиот колбас на светот

Белград, 18 февруари 2018 (МИА) - Во селото Турија во близина на војводинскиот град Србобран вчера беше претставен најдолгиот колбас на светот - долг вкупно 2.034 метри и тежок 2,5 тони.

Најдолг колбас 2

Колбасот, со кој мајсторите од Турија сакаат „да го поправат“ својот Гинисов рекорд за најдолг колбас поставен во 2013 година, беше презентиран во рамки на манифетацијата „Туриска колбасијада“, што традиционално секоја година се одржува во ова село во Војводина.

Џиновскиот колбас замотан во целофан на 34-та „Колбасијата“ беше донесен со трактор и во придружба на тамбураши. 

Најдолг колбас 3

Колбасот, кој содржи месо, пиперки, лук, сол и бибер наполнети во природни црева, беше продаван на заинтересираните купувачи на метар. сп/11:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ