• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Анистон и Теру имаат „челичен“ предбрачен договор

Анистон и Теру имаат „челичен“ предбрачен договор

Њујорк, 18 февруари 2018 (МИА)Веднаш после објавата дека се разведуваат американските актери Џенифер Анистон и Џастин Теру, душегрижниците се загрижија за тоа како тие ќе го поделат имотот. Сепак, американските таблоиди соопштија дека пред да се венчаат, двојката направила „челичен“ предбрачен договор.

Како што пренесуваат медиумите Џенифер во својата кариера има заработено неверојатни 200 милиони долари, додека Џастин „тежи“ само 20 милиони.

Американските актери Џенифер Анистон и Џастин Теру пред два дена соопштија дека по две години брак, донеле одлука за развод, која, според нивниот публицист, ја донеле заедно и со многу љубов.

Доскорешната двојка најави дека ќе продолжат да се почитуваат и оти ќе ја задржат љубовта што ја имаат еден кон друг. ссм/19:08

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ