• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

„Трите билборда вон градот" победник на БАФТА наградите

„Трите билборда вон градот" победник на БАФТА наградите

Лондон, 19 февруари 2018 (МИА) Црната комедија „Три билборди вон градот" на режисерот Мартин Мекдона е прогласен за најдобар филм од Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), на манифестацијата што се одржа синоќа во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон.

Бафта 2018

Филмот за обесправената мајка што се бори со неправдата и нееднаквоста, „Три билборди вон градот", од девет номинации доби вкупно пет награди, меѓу кои и за најдобра главна женска улога - Френсис Мекдорманд и најдобра машка споредна улога - Сем Роквел.

бафта френсис

Гери Олдман беше удостоен со наградата за најдобра машка главна  улога, за толкувањето на ликот на Винстон Черчил во филмот „Најмрачниот час".

Филмот исто така имаше девет номинации, додека „Блејд Ранер 2049“ и „Данкирк“ имаа по осум.

бафта 2018

На Мексиканецот Гиљермо дел Торо му беше доделена наградата за најдобар режисер за филмот „Обликот на водата". 

На црвениот килим се најдоа многу претставнички на седмата уметност, меѓу кои и Анџелина Џоли и Џенифер Лоренс, кои беа облечени во црно, во знак на солидарност со жртвите на сексуално злоставување, вознемирување и дискриминација.

бафта 2018

 

Почесни гости беа принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кетрин, која беше облечена во темнозелена тоалета со црн појас, црни чевли и црна чанта. Кралското семејство во принцип, сепак претпочита да не изразува солидарност кон какви било политички движења, јавуваат британските медиуми. си/сп/09:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.