• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Млад австралиски ловџија доби ќотек од кенгур

Млад австралиски ловџија доби ќотек од кенгур

Сиднеј, 19 февруари 2018 (МИА) - Тинејџер, кој со својот брат отишол на лов на кенгури во Западна Австралија, бепе претепан од кенгур.

Имено, откако Џошуа Хајден (19) и неговиот брат пукале кон кенгурот, тој прво удрил врз нивниот автомобил и го скршил совозачкиот прозорец, а потоа го нападнал момчето и му нанел повреди во пределот на вилиците и очите.

Како што раскажуваат момчињата, тие претходно пукале од возилото кон два кенгура што биле во непсредна близина. Едниот од нив притоа се разбеснил и тргнал кон нив.

Момчето по нападот накусо останало без свест, а потоа било однесено в болница, каде лекарите утврдиле дека е неопходна операција поради отокот. си/сп/09:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ