• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Во Египет откриени остатоци од непознат вид диносауруси

Во Египет откриени остатоци од непознат вид диносауруси

Каиро, 19 февруари 2018 (МИА) - Група научници од Египет открија остатоци од досега непознат вид долговратести тревопасни диносауруси, кои живееле пред 100 милиони години.

Кон крајот на Мезозоикот, овој влекач населувал области тогаш прекриени со џунгла,.

Тимот научници ископа вилица, нога и други фосилни коски, што потоа беа пренесени во Универзитетот во Мансур.

Деловите од скелетот укажува на сличност со диносаурусите од Европа од тој период, што е спротивно на теорите дека африканските диносауруси биле целосно изолирани во Мезозоикот.

- Со сигурност можеме да кажеме дека овие диносауруси биле ловени. Како и во секој екосистем, во џунглата, за споредба, се среќаваат лав и жирафа. Значи ја пронајдовме „жирафата“, но каде е „лавот“? Тоа е она што ќе се обидеме сега да го откриеме, вели водачот на истражувачкиот тим.

Новооткриеното праисториско суштество е наречено Мансурасаурус Шахинае, според египетскиот Универзитет и името на основач на Палеонтолошкото одделение. си/сп/12:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...