• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

По децении трагање на Нептун забележана мрачна бура

По децении трагање на Нептун забележана мрачна бура

Вашингтон, 21 февруари 2018 (МИА) - Телескопот Хабл на Нептун забележа мрачна бура, која доколку се проектира на Земјата би зафатила простор од Бостон до Лисабон.

Бурата првпат беше откриена од страна на леталото „Војаџер два“ во доцните осумдесети години на минатиот век, а телескопот оттогаш се обидуваше повторно да ја регистрира.

Овој феномен беше последен пат забележен во 2015 година, но дури сега првпат е фотографиран.

Научниците процениле дека нејзината должина кога првпат била забележана изнесувала 4.989 километри, додека сега е долга околу 3.700 километри, што значи дека нејзиниот интензитет се намалува. дб/паг/15:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ