• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Илјадници луѓе наседнаа на измамата за „зелената“ месечина

Илјадници луѓе наседнаа на измамата за „зелената“ месечина

Лондон, 21 февруари 2018 (МИА) - Илјадници луѓе наседнаа на лажната вест која се шири на социјалните мрежи дека на 20 април оваа година на небото ќе се појави необичниот феномен на „зелена“ месечина.

Авторите наведуваат дека ваква појава се гледа еднаш во 420 години, а бидејќи неодамна имавме можност да видиме „сина крвава супермесечина“ многумина поверуваа во лажната вест.

Претходно, ваква измама беше забележана и во 2016 година, кога некој решил да се пошегува и да обработи една фотографија од месечината, а повторно се појави и во април 2017 година.

Бројот 420 е поврзан со канабисот, така што април 20-ти (4.20) во САД се смета за неофицијален празник на конзумирањето на марихуана. дб/паг/18:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ