• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Дуа Липа и Стормзи триумфираа на Британските музички награди

Дуа Липа и Стормзи триумфираа на Британските музички награди

Лондон, 22 февруари (МИА) - Пејачката Дуа Липа и нејзиниот колега Стормзи ги освоија најпрестижните признанија на Британските музички награди.

Липа ја доби наградата за најдобар женски изведувач и за ѕвезда во подем, додека раперот од јужен Лондон беше прогласен за најдобар британски машки изведувач, а ја освои и наградата за албумот на годината.

Ед Ширан, иако беше номиниран во четири категории, си замина само со наградата во категоријата за глобален успех.

Фу Фајтерс го добија признанието за најдобра меѓународна група, а раперот Кендрик Ламар и пејачката Лорд се прогласени за најдобри меѓународни соло изведувачи во машка и женска конкуренција.

Дуа Липа е родена во Лондон, а нејзините родители потекнуваат од Косово. Таа пред да се занимава со музика, беше ангажирана и како модел.

Нејзиниот најголем хит „Нови правила“ ја надмина бројката од милијарда прегледи на Јутјуб. дб/паг/16:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...