• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Би-Си-Си најави нова серија со Дејвид Атенборо

Би-Си-Си најави нова серија со Дејвид Атенборо

Лондон, 22 февруари 2018 (МИА) - Би-Си-Си најави нова серија за дивиот свет, која ќе ја води легендарниот природонаучник Дејвид Атенборо, а ќе биде ангажиран тимот кој работеше на документарецот „Планетата Земја“.

Како што најави уредничката на Би-Си-Си, Шарлот Мур, новата серија ќе се вика „Династија“ и ќе го проучува начинот на кој животните ги штитат своите семејства и територија.

Серијата ќе се состои од пет делови, а публиката ќе може да го погледне овој вид на однесување кај лавовите, шимпанзата, ловечките кучиња, тигрите и кралските пингвини.

Таа ќе почне да се прикажува кон крајот на годината на првиот канал на Би-Си-Си. дб/гт/17:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ