• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Човек се обиде да го спречи, но роботот ја исполни својата цел (видео)

Човек се обиде да го спречи, но роботот ја исполни својата цел (видео)

Бостон, 22 февруари 2018 (МИА) - Американската компанија „Бостон дајнамикс“  ја тестираше способноста на својот робот Спотмини да се прилагодува на условите и пречките додека отвора врата и минува низ неа.

Човекот, кој го доведе роботот до вратата, му ја покажа кваката и му даде комада „Напред!“. Роботот потоа самостојно продолжи да ги извршува останатите операции.

Камерата, која е сместена во роботската рака, ја лоцира положбата на кваката, додека камерата инсталирана во телото на роботот одредува дали вратата е отворена или не и управува со машината додека минува низ неа.

За движењата на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го усогласува неговото однесување во однос на пречките што можат да му се најдат на патот.

Способноста на роботот автоматски да одговори на сите пречки при извршувањето на задачите, како што е обидот да му се попречи и да се повлече назад во момент кога излегува низ вратата, е одраз на унапредувањето на неговата вкупна способност. дб/паг/18:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...