• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

„Веибо“ почна борба против хомосексуалноста

„Веибо“ почна борба против хомосексуалноста

Пекинг, 16 април 2018 (МИА) - Социјалната мрежа Веибо, често нарекувана и „кинески Tвитер" сака да создаде „светло и хармонично пространство", па по тој повод, новата политика на компанијата наложува содржините со хомосексуални елементи да се бришат.

Имено, платформата ќе ги надгледува текстуалните објави, видеата и игрите, и доколку содржат порнографија, крваво насилство и хомосексуални пораки ќе бидат трајно отстранети.

Интернет корисниците реагираа жестоко и оттаму произлезе и ознаката #IAmGay - како еден вид отпор кон таквата одлука.

- Како член на оваа група јас сум геј и сум горд на тоа... Одбивам да бидам дискриминиран или неразбран, напиша еден корисник.

- Дури и да ме тргнете, има десетици милиони како мене, напишал друг.

Првите „спорни“ содржини веќе се избришани. си/гт/16:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ