• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Почина српскиот кларинетист Боки Милошевиќ

Почина српскиот кларинетист Боки Милошевиќ

Белград, 16 април 2018 (МИА) - Познатиот српски кларинетист Божидар Боки Милошевиќ почина во Белград на возраст од 87 години.

Тој од 1976 година па се до заминувањето во пензија беше шеф на Народниот оркестaр на РТС, а продолжи да настапува и учествува во музичките програми и во подоцнежните години.

Работеше и како професор во музичкото училиште „Јосип Славенски“, а беше и член на Белградската филхармонија.

Милошевиќ е роден 1931 година во Прокупље, а со музика почнал да се занимава од 1950 година.

Дипломирал и магистрирал на Музичката академија во Белград. дб/гт/18:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ