• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Авион принудно слета, откако патник се заканувал со молив

Авион принудно слета, откако патник се заканувал со молив

Пекинг, 16 април 2018 (МИА) - Авион на кинеската компанија „Ер Чајна“ бил пренасочен и принудно слетал, откако патник се заканувал на екипажот со молив.

Тој сообраќал на линија од Чангша до Пекинг, но принудно слетал во провинцијата Хенан. Во инцидентот е уапсен 41-годишен маж, за кого се претпоставува дека има ментални проблеми.

На фотографиите што се појавија на кинеските социјални мрежи се гледа човек како држи член на посадата за врат додека му се заканува со молив.

По инцидентот дел од патниците изјавија дека чуле врисок во авионот, но дека не знаеле што се случува.

Еден од патниците за локалните медиуми наведе дека инцидетот се случил во бизнис класата, а бидејќи биле затворени завесите останатите патници не можеле да видат ништо. дб/ми/20:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...