• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Почина комичарот Хери Андерсон

Почина комичарот Хери Андерсон

Њујорк, 17 април 2018 (МИА) - Комичарот Хери Андерсон, најпознат по хумористичната серија „Night Court" којашто се прикажуваше од 1984 до 1992 година и по своите настапи во шоуто „Saturday Night Live", почина на 65-годишна возраст.

Актерот почина вчера во својот дом во американската сојузна држава Северна Каролина.

Хери Андерсон

Тој настапуваше и во серијата „Cheers", а имаше и свој продуцентски проект - серијата „Dave's World" којашто се емитуваше од 1993 до 1997 година. си/цч/10:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.