• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Кампала, 19 април 2018 (МИА) - Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави дека сака да забрани граѓаните на таа држава да имаат орален секс, со образложение дека „устата е за јадење“.

Тој обвини „странски служби“ дека се обидуваат да ги убедат луѓето во Угада да имаат орален секс и издаде јавно предупредување.

- Дозволете ми да ја искористам оваа можност и јавно да ги предупредам нашите луѓе на некои лоши пракси во кои се впуштаат и кои ги промовираат странци. Една од нив е тоа што го нарекуваат орален секс. Устата е за јадење, не е за секс, истакна Мусевени. гт/12:28

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ