• A-
  • A
  • A+
недела, 20 мај 2018, 

Мишел Вилијамс и Џулијан Мур во американски римејк на данскиот филм „По свадбата“

Мишел Вилијамс и Џулијан Мур во американски римејк на данскиот филм „По свадбата“

Лос Анџелес, 23 април 2018 (МИА) - Мишел Вилијамс и Џулијан Мур потпишаа за улоги во американската преработка на данскиот филм „По свадбата“, којшто во 2006 година беше номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Вилијамс ќе ја глуми управничката на едно индиско сиропиталиште, кое се наоѓа на раб на банкрот. Таа открива дека богата Американка од Њујорк (Мур), која сака да заборави дел од своето минато, има желба да подари дел од своето богатство за спас на сиропиталиштето.

Режисерското столче му припадна на Барт Фрундлих, а продуценти на проектот се Џоел Б. Мајклс и Силвио Мураља. 

Снимањето на филмот почнува следниот месец. си/цч/11:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мануел има 121 година и посакува уште да живее

Мануел Гарсија Хернандез можеби е најстариот човек...

Кралското семејство им се заблагодари на сите за венчавката

Британското кралско семејство им се заблагодари на...

Златна палма за јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисер...

Мајка го сменила името на синот поради грешка во тетоважата

Со цел да ја усклади новата тетоважа со името, ма...

Во минатото пивото се ладело со помош на глечери

Да се пие ладно пиво, денес не е ништо невообичаен...